ADAC: Овие додатоци се најголемите „трошачи“ на гориво во автомобилот

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Германскиот авто-клуб објави неколку трикови со чија помош можете да заштедите многу гориво. Еве на што треба да обрнете внимание и кои додатоци за автомобили се вистински „трошачи“ на гориво.

Непотребниот баласт и непотребниот багаж во возилото ја зголемуваат потрошувачката на гориво на автомобилот. Според ADAC, правилото гласи: за секои 100 килограми непотребна баласт, може да се очекува до 0,3 литри повеќе гориво на 100 километри, пишува „Fenix“.

Патем, резервното тркало со целосна големина во багажникот може да тежи околу 20 килограми. Ако сакате трајно да заштедите тежина, како алтернатива можете да земете во предвид комплет гуми со заптивна смеса и компресор, советува Матијас Бриге од списанието Auto Bild.

ADAC ја нарекува покривната кутија како еден од најголемите трошачи на дополнително гориво. Веќе при 80 km/h потрошувачката се зголемува за околу 11 проценти. При 130 km/h може да биде и до 2 литри повеќе на 100 километри, пресмета клубот на својата веб-страница. Ако по патувањето повеќе не ви е потребна покривната кутија, подобро е да ја отстраните што е можно поскоро.

Снегот и мразот на автомобилот влијаат на аеродинамиката, ја зголемуваат тежината и затоа може да значат зголемена потрошувачка. Затоа треба целосно да го исчистите снегот и мразот од вашиот автомобил пред да тргнете на пат. Ова исто така ја подобрува видливоста и ја зголемува безбедноста. На крајот на краиштата, другите учесници во сообраќајот не треба да бидат загрозени од мраз и снег доколку паднат од возилото.

Слични содржини