Според странските медиуми, Адел наводно на својот нов сопруг Рич Пол му поставила услов дека мора да потпише предбрачен договор пред нивната тајна венчавка, се со цел да си го обезбеди и заштити своето богатство од 220 милиони долари.
Како што пишува RadarOnline, наводно блиски пријатели на познатата британска пејачка ја поттикнале дури и да размислува за предбрачен договор. Во неверојатната сума од 220 милиони долари е вклучен нејзиниот хонорар за концерти во Лас Вегас, продажбата на нејзините четири албуми, но и многу други работи.
Има и бројни куќи, меѓу кои и оние во кои живее – имот вреден 11 милиони долари во Западен Сасекс, Англија и еден во Беверли Хилс вреден 10,5 милиони долари.
Заедно со нив, таа има куќа во Беверли Хилс што ја купила во 2016 година за 9,5 милиони долари, две куќи во Лондон проценети на 14 милиони долари, како и замок во затворена заедница во Лос Анџелес што го купила во 2021 година за 58 милиони долари и на кој реновирањето се уште е во тек.
Инаку, што се однесува до бракот со Рич Пол, многу малку се знае за него. Само во неколку наврати Адел својата избраничка ја нарече сопруга и потврди дека е „мажена жена“.