358
Секогаш во улога на забавувач, 31-годишната пејачка не се срамеше да го земе микрофонот и да испее неколку песни пред гостите на свадбата на нејзината најдобра пријателка Лаура Докрил, изминатиот викенд.
Во видеата поставени на инстаграм, Адел и невестата заедно пејат неколку песни, вклучувајќи ја и „Spice Up Your Live“ од Спајс грлс, како и нејзиниот хит од 2010 „Rolling in the Deep“.
На забавта Адел изгледа неверојатно фит во крамаста маичка и здолниште со флорален принт.
„Вистинска љубов“, напишала Лаура под фотографијата на која таа и нејзиниот сопруг се бакнуваат, а Адел пее во позадина.
Според Daily Mail, Адел ја официјализирала церемонијата на парот.