Адел го има најпродаваниот албум за годината

од Vladimir Zorba
575 прегледи

Повратничкиот албум на британската пејачка Адел – „30“ е најпродаваниот за 2021 година. Тој се продаде во 500.000 примероци за само два дена, а собори рекорди во физички и дигитални изданија. „30“ е и најпродаваниот винил албум оваа година.

Веднаш по објавувањето на албумот беше јасно дека тој ќе собори рекорди, а Адел целосно го засени повратничкиот албум на ABBA.

Првиот сингл од албумот, „Easy on me“, собори рекорди на YouTube и другите стриминг сервиси.

Видеото за „Easy on me“ беше прегледано 51 милион пати за 24 часа и за само еден ден го достигна врвот на трендовите во голем дел од светот. „Easy on me“ моментално има над 210 милиони прегледи.

Снимањето на албумот „30“ започна пред три години, откри Адел во една прилика, во време кога нејзиниот живот бил „лавиринт од апсолутен неред и внатрешни превирања“.

Со оглед на тоа што Адел продаде милиони албуми и освои голем број награди, вклучувајќи „Оскар“ и 15 „Греми“, слбумот 30 беше најочекуваното издание оваа година.

Слични содржини