396
Популарната пејачка Адел ги изненади своите следбеници со фотографии во сосема природно издание.
Адел е поддржувач на силна шминка, па ретко можеме да ја видиме во сосема природно издание, но сега се одлучи за малку поинаков изглед.
Имено, таа вчера наполни 34 години, а по тој повод со следбениците на социјалните мрежи сподели две фотографии без трошка шминка.
Во коментарите таа беше пофалена за нејзиниот природен и негуван изглед.
Да потсетиме, Адел зад себе има четири успешни албуми, а последниот од серијата наречен „30“ го објави кон крајот на минатата година.