Адел кажа “Здраво” на милионите фанови ширум светот од новата насловна на магазинот Vogue, САД, облечена во фустан од новата колекција на Burberry.d44d8606d3a8ce7e3b6d58e425777955

Британската поп-ѕвезда позира пред објективот на врвната фотографка Ени Лејбовиц . Пејачката не само што изгледа беспрекорно во предметната фотосесија, но и тврди во интервјуто дека се чувствува така.

За својата возраст 27-годишната Адел вели: “Бев шокирана кога наполнив 25! Но, всушност, денес ми  се допаѓаат годините повеќе од било кога. Се чувствувам толку удобно во сопствената кожа. Навистина ми се допаѓа како изгледам и ми се допаѓа тоа што сум. ”

Адел коментира во интервјуто и на темата како е да се биде мајка. Таа вели дека синот Анџело ја прави многу горда од самиот факт дека му подарија живот.

“Мојата главна работа е да бидам негова мајка, а работата ми доаѓа на второ место”, вели таа.

Во последните месеци Адел ослабе многу.

“Фактот дека намалив неколку килограми ме натера да го сакам шопингот многу повеќе. Сега влегувам во  облека во нормална големина, што се наоѓа во продавниците што навистина е голем проблем за мене, бидејќи не можам да се сопрам да пазарувам “, додава ѕвездата.

За внатрешните кадри Адел носи облека на Erdem, Giambattista Valli, Salvatore Ferragamo, Gucci, Alexander McQueen и др.

За да ги видите фотографиите на Адел, посетете ја галеријата.

Слични содржини