Пјачката Адел е една од оние кои со годините изгледаат се подобро.
Освен што ја дотера линијата, таа започна да се облекува се погламурозно и префинето. Одличен доказ за тоа е аутфитот кој го одбра за својата божикна забава која ја приредила, а на која ги донела Гринч и Дедо Мраз, кои го украдоа вниманието на фотографиите.
Божикниот моден избор на пејачката бил свилен фустан со итакнато деколте, со рез на едната нога, проследено со кадрици со голем волумен и темен кармин. На тој начин Адел постигна еден безвременски изглед – гламурот на стар Холивуд.
Откако на почетокот на годината објави дека се разведува од својот поранешен сопруг, Адел во интервју за Билборд на обожавателите им порачала дека ќе се посвети на снимање на нов албум и дека наскоро ќе можат да ги слушнат новите песни.