308
Британската ѕвезда Адел не крие колку е среќно вљубена во своето момче Рич Пол. Таа отворено зборуваше за тоа во едно неодамнешно интервју.
Како што признала, ова е најголемата љубов во нејзиниот живот.
„Никогаш не сум била волку вљубена. Опседната сум со него“, изјавила пејачката.
Како што е познато, Адел се разведе од сопругот Сајмон во 2019 година, со кој го има синот Анџело. Сепак, разводот не ја разниша нејзината верба во бракот.
„Да, апсолутно би се омажила повторно“, рече пејачката, а потоа додаде:
„Дефинитивно сакам повеќе деца. Обожавам да создавам дом, стабилниот живот ми помага со мојата музика. Но, единственото нешто што ми е на ум во моментов е настапот во Лас Вегас затоа што сакам да бидам одлична“.