Адел се верила? Фотографирана е со прстен

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Пејачката Адел и спортскиот агент Рич Пол и официјално се верија, пишува „Сан“. Двојката беше фотографирана при излегување, а Адел имаше огромен прстен на раката.

Иако со месеци се шпекулира дека се свршени, а некои дури рекоа дека веќе се во брак откако Адел изјави дека е мажена за време на настап на нејзина пријателка, извор за „Sun“ вели дека веридбата се случила дури сега.

Рич ја запроси пејачката во нејзиниот роден град Тотенхем, северен Лондон, вели извор. Среќната вест Адел ја сподели со пријателите и семејството, а на крајот на следната година планираат голема свадба.

„Рич го планираше запросувањето да биде во нејзиниот роден град и и подари неверојатен прстен со дијаманти од четири карати. Следната вечер славеа со шампањ во луксузниот хотел Chiltern Firehouse. Адел смета дека е смешно тоа што обожавателите мислат дека се веќе во брак”, рече изворот.

Адел и Рич Пол допрва треба да ја коментираат нивната веридба.

Слични содржини