Адеми: Бајден наследува далеку поделена нација по многу основи

209 прегледи

Во своето гостување во 24 анализа, првиот соработник на премиерот Зоран Заев во Владата на С.Македонија, Едмонд Адеми, потенцираше дека новата Америка ќе ја врати нацијата назад, но само навидум, со оглед на тоа дека Бајден ќе ги врати САД во нормалното функционирање.

„По многу нешта е историска победата на Бајден и Харис. Бајден беше најмладиот сенатор, а најстариот претседател на САД. Харис пак, е првата жена потпретседател во „Белата куќа“. Бајден наследува далеку поделена нација по многу основи, и оттаму мислам дека тимот кој го состави беше избор на ветерани и луѓе со искуство, какви што доликуваат на демократијата и либералноста. Тимот на Бајден ќе треба да работи на два фронта, како на внатрешното, така и на надворешното помирување. Јас сум оптимист дека по години, би можеле да бидеме сведоци на враќање во нормала за многу работи. Факт е дека пред новата администрација следува голем предизвик, но верувам дека ќе се врати се во рамки на нормалното функционирање“, истакна Адеми.

Слични содржини