Адеми: Бугарските политичари сега очекувано ќе имаат пожестока реторика

298 прегледи

Во своето гостување во 24 отворено, претставникот од Владата, Едмонд Адеми, ја прокоментира за односот кој С.Македонија го има со Бугарија, но и улогата на специјалниот претставник на Владата за преговорите, Владо Бучковски.

„Акцискиот план беше доставен вчера, а денес очекуваме Бучковски да се врати, па потоа работната група ќе го разгледа и ќе види што истиот содржи. Тоа е инаку, одговор на нашиот акциски план, кој ние го испративме некаде пред Нова Година. Бугарија е длабоко влезена во предизборна кампања, па оттаму политичарите таму сега ќе бидат пожестоки во својата реторика, а ние треба да останеме воздржани. Ние не сме во воен конфликт со Бугарија, но и во такви конфликти постоела комуникација. Ние не сакаме да бидеме злоупотребени во нивната реторика, па затоа ќе бидеме насочени кон мирна комуникација. “

 

 

Слични содржини