Адеми му ја предаде фотелјата на Пиштар Лутфиу, новиот министер за образование и наука

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Новоизбраниот министер за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска и официјално ја презеде функцијата од досегашниот министер Абдилаќим Адеми.

IMG_2481-1200x545_c

– Ќе продолжиме да ја имплементираме програмата на Владата во областа на образованието и науката. Тоа што е зацртано е амбициозна програма, бара многу напори, финансиски средства и соработка. Се надевам дека како и со досегашната динамика со која работевме како Влада ќе продолжиме и понатаму, посочи Лутфиу.

Како што соопшти денеска МОН, досегашниот министер Адеми му посака успешна работа на новиот министер за образование и наука.