Адеми: Се работи на суштината на новиот концепт за високо образование

од Vladimir Zorba
102 прегледи

„Ннова етапа во разговорите,  од денеска ќе се работи во суштина за новиот концепт на Законот за високо образование и се надевам дека во една конструктивна атмосфера ќе стигнеме до конечниот текст„, изјави министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми, по средбата на работните групи кои работат на подготовка на новиот закон.

Ректорот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски рече дека ќе следи изработка на текст кој ќе биде понуден на јавна расправа.

„Се надеваме дека со ваквата широка вклученост на универзитетската заедница и на државата ќе добиеме еден квалитетен закон кој ќе биде применлив и компатибилен со европските закони„ посочи Стојковски.

На средбата учествуваа претставници и од Студентскиот и  од Професорскиот пленум.

„Студентски Пленум очекува низ академска расправа да се дојде до најдобро законско решение кое ќе го отсликува високообразовниот систем во Република Македонија, но и ќе предвиди нужни промени со цел унапредување на квалитетот на високото образование„  изјавија од Студентскиот пленум.