198
„Четири години зелената коалиција ДУИ – СДСМ ја управува општина Струга. Сите институции, и централни и локални се под капата на ДУИ и СДСМ. Четири години Струга е еден од најзагадените градови не само во Македонија, туку и во рамките на поширокиот регион“, вели денеска Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Во градовите и во цела Република Македонија каде на власт се зелената коалиција ДУИ – СДСМ Македонија дише загаден воздух, има диви депонии насекаде, и животната средина трпи разни загадувања“, истакнува тој.