Адидас ја прекина соработката со Канје Вест поради антисемитизам, богатството на раперот брзо се намали

од Nikola Popovski
280 прегледи

Модниот гигант Адидас ја прекина соработката со раперот Канје Вест, порачувајќи дека „не толерира антисемитизам и кој било друг вид говор на омраза“.

Соработката на брендот на Адидас, Јези со Вест беше прекината откако на модната недела во Париз претстави маици со натпис „White Lives Matter“, пишува Би-Би-Си.

Неколку дена подоцна, раперот објави антисемитски коментари на својот Твитер профил.

Неговите производи веднаш ќе бидат повлечени од продажба, објави Адидас.

Производителот на спортска облека претходно објави дека соработката е една од најуспешните во историјата на компанијата.

Раскинувањето на партнерството значи дека Адидас ќе има нето загуба од 250 милиони евра во 2022 година, се вели во соопштението.

Вест на Инстаграм го обвини Адидас дека му ги украл дизајните, но оттогаш ја избриша објавата.

„Адидас не толерира антисемитизам и каков било друг вид говор на омраза. Неговите неодамнешни коментари и постапки беа неприфатливи, омраза и опасни и ги кршат вредностите на компанијата за прифаќање на различноста, меѓусебното почитување и еднаквост“, се вели во соопштението на Адидас.

Инстаграм и Твитер го суспендираа профилот на Вест неколку дена по неговите антисемитски изјави.

Пад на вредноста

Акциите на Адидас паднаа за цели осум отсто по објавата за прекин на соработката со Вест.

Во својата последна финансиска прогноза во октомври, Адидас предупреди дека влошениот бизнис во Кина, заедно со послабата побарувачка на потрошувачите на главните западни пазари, извршиле притисок врз неговите прогнози за профит за 2022 година.

Брендот бара нов извршен директор, откако во август објави дека актуелниот шеф Каспер Рорстед ќе замине во 2023 година.

Раперот ја загуби позицијата на листата на милијардери на магазинот Форбс.

Се проценува дека поради крајот на партнерството со Адидас се намалило нето богатството на Вест од 1,5 милијарди долари на 400 милиони долари.

Слични содржини