За да прослават 20 години од лансирањето на нивната гејмерска конзола, Мајкрософт се здружи со Адидас за да создаде ограничено издание Xbox патики, кои со популарното лого „Х“ и зелените детали, сигурно ќе ги привлечат погледите на многу фанови на конзолата на компанијата.
Ова се патики што Мајкрософт ќе ги користи исклучиво за промотивни цели, па многу заинтересирани страни ќе се борат да ги „дофатат“, но Џејмс Моносмит, маркетинг менаџерот на Xbox, во изјавата посочува дека повеќе модели ќе пристигнат подоцна оваа година, вклучувајќи и еден пар што секој ќе може да го купи.
„Ова е само почеток на нашето партнерство со Адидас, така што ќе продолжиме да ја прославуваме нашата 20 -годишнина во следните неколку месеци со лансирање дополнителни патики инспирирани од минатите и сегашните генерации на Xbox конзоли, вклучувајќи го и првиот пар што ќе биде достапен за нашите фанови подоцна оваа година“, објаснува тој.
На официјалниот Јутјуб канал на Xbox веќе е објавено промотивно видео, во кое се појавува оригиналната конзола на компанијата која игра Halo: Combat Evolved, а патиките може да се видат.