Администрацијата на Трамп одби да се приклучи во осудата на рускиот напад на Суми

од Milan1
22 прегледи

Земјите собрани во групата Г7 сакаа да дадат заедничка изјава во која ќе го осудат рускиот напад врз градот Суми, но тоа беше блокирано од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Блумберг“.

Канада, како земја претседавач, ги повика сите членки (САД, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија) заедно да го осудат овој напад.

Администрацијата на американскиот претседател сепак одби да го осуди нападот, со оправдување дека „остава простор за преговори“.

На крајот, Канада им порача на другите членки дека без поддршка од Вашингтон не може да се објави заедничката осуда од оваа група земји.

Сепак, официјални лица од повеќе од 50 светски земји поединечно го осудија нападот, на руските сили врз цивилни објекти во градот Суми.

Доналд Трамп, исто така, го коментираше овој напад, но инсистираше на тоа дека „Русија по грешка целела цивилни објекти“. Ваквата реторика од Белата куќа претходно ја оправда, велејќи дека „Русија не треба да се навредува“ поради преговорите за завршување на војната.

Сепак, Русија го отфрли речиси секој предлог за прекин на огнот во Украина и прифати само 30-дневна забрана за напад на енергетската инфраструктура, иако украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека го прекинала примирјето во рок од неколку дена од договорот.

Слични содржини