Администрацијата на Бајден ја враќа помошта за Палестинците

365 прегледи

Пакетот вклучува хуманитарна, економска и безбедносна помош и е дел од напорите за санирање на врските со Палестинците кои беа скоро прекинати за време на мандатот на Трамп.

Администрацијата на Џо Бајден планира да обезбеди најмалку 235 милиони долари американска помош за Палестинците, објави Ројтерс.

Планирано е да се продолжи со финансирање на агенцијата на ООН која им помага на бегалците и да се вратат други видови помош што ги укина поранешниот претседател Доналд Трамп.

Пакетот вклучува хуманитарна, економска и безбедносна помош и е дел од напорите за санирање на врските со Палестинците кои беа скоро раскинати за време на мандатот на Трамп.

Ројтерс наведува дека ова е најзначајниот потег на Бајден од неговото доаѓање на функцијата по повод ветувањето за укинување на некои компоненти на пристапот на Трамп, што Палестинците го критикуваа дека се силно во корист на Израел.

Новата администрација вети и дека ќе работи на повторно отворање на палестинската дипломатска мисија во Вашингтон.

Бајден исто така навести дека сакаат да ја воспостават повторно целта на решението за две држави како приоритет на американската политика кон израелско-палестинскиот конфликт, но тие досега биле претпазливи и веројатно ќе чекаат да се смири прашината по изборите во Израел.

Слични содржини