Адора го демантира БЕГ: Топланите не ги купивме издадени под закуп, туку во стечајна постапка без никаков товар

од Nikola Popovski
194 прегледи

Адора инженериг го демантираше денешнотоо соопштение на Балкан енерџи груп (БЕГ). Според нив, изјавата на БЕГ не е точна од неколку аспекти.

-Пред сè Адора топланите не ги купи издадени под закуп, туку во стечајна постапка без никаков товар и прибелешка во имотен лист и во решение за купопродажба. Дополнително Договорот за закуп на топланите и официјално е откажан со Одлука на Одборот на доверители на 22.12.2021 година. Од тогаш па сè до денес топланите се користат без регулиран однос со сопственикот Адора. БЕГ не се согласуваше со оваа одлука и покрена неколку судски постапки, од кои дел завршија со правосилни судски одлуки и им беа одбиени како неосновани, а дел БЕГ ги повлече, бидејќи јасно беше дека ќе ги загубат, велат од Адора.

Околу тврдењето дека го плаќале закупот, а од страна на Адора сумите биле враќани, од таму велат дека тоа делумно е така, меѓутоа причината зошто од Адора не беа прифатени тие средства не е поради висината на закупот, туку поради основот на плаќањето.

-БЕГ ги плаќаше тие пари повикувајќи се на стар Договор за закуп кој беше откажан, факт потврден со судски одлуки, со што БЕГ нелигитимно сакаше да го одржи истиот во живот. БЕГ сега велат дека ќе се раздолжат кон Адора во некоја недефинирана иднина, што не е воопшто типично за функционирање како дел од регулиран бизнис. Доколку ЕСМ го превземе регулираното производство на топлинска енергија, БЕГ од тој момент ќе престане да има било каков приход од дејноста што ќе придонесе до неможност да го исплати долгот, стои во соопштението на Адора инженеринг.

Претходно БЕГ информира дека е неточна изјавата дека БЕГ бесправно стопанисувал со топланите бидејќи, како што велат, ги користеле согласно Договор за закуп со Топлификација, а согласно Закон за облигациони односи, договорот го наследува новиот сопственик на топланите.

-Во моментот кога „Адора” ги купи топланите знаеше дека се под долгорочен закуп на БЕГ за вршење на јавната дејност, што беше наведено и во огласот за продажба. Согласно истиот Договор за закуп, БЕГ редовно исплаќаше месечна закупнина во висина од 2,6 милиони денари, колку што одобрува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), меѓутоа Адора ја враќаше бидејќи ценеше дека е недоволно, посочуваат од БЕГ.

Слични содржини