„АДРЕНАЛИН“: Книгата на Ибрахимовиќ одекна на Апенините

од Vladimir Zorba

Синоќа во Милано беше претставена книгата на фудбалерот Златан Ибрахимовиќ со наслов „Адреналин“, која го опишува неговиот живот, патувањето со бројни препреки уште од детството и како стигнал до денес во клубот Милан.

На вечерта присуствуваа пријатели, луѓе од првата линија на спортот (Адријано Галијани, Фабио Капело), ​​а Силвио Берлускони се приклучи на телефон и ги изрази своите емоции за Ибра:

„Тој има просек од 0,6 гола по натпревар во кариерата, што е нешто повеќе од исклучително, оваа книга ги содржи неговите вредности и правила за живот. Тој е шампион на спортот и животот. Се сеќавам колку бев шокиран кога првпат го видов во дресот на Милан, чувствувам дека со него имам однос на наклонетост и приврзаност. Секогаш ќе успее да ги постигне целите што си ги постави“, многу емотивно се изрази Берлускони за Ибра.

Како и секогаш, Ибрахимовиќ зборуваше малку, но секоја мисла имаше совршенство во пораката и во одразот на неговиот менталитет:

„По несреќата што ја имав, поради која останав надвор од теренот една година, сфатив дека фудбалот ми е се. Се плашам да престанам да играм бидејќи не знам што ме чека после …“

За менталитетот и фудбалот, Ибра вели:

„Зошто да бидеш нормален кога можеш да бидеш подобар? Продолжувам да играм, се зависи од мојата глава, имам 40 години“, а како одговор на тоа која е неговата тајна за „Скудетото“, тој одговара дека се зависи од тоа како тренира и како ги игра натпреварите“.

„Секој ден е финале за мене, велат дека доаѓа Ибра и доаѓа притисокот, за да им дадам енергија и адреналин на сите“.

Оценките за човекот и фудбалерот се бројни: „Ибра е се уште недопрен, голот на Удинезе-Милан покажа во каква физичка и психичка форма е, сепак е убиствен“, „на сите им се допаѓа бидејќи луѓето разбираат дека е вистинскиот човек“.

„Златан стана повеќе од фудбалер“ (Урбано Каиро кој ја објави неговата книга) „ми беше чест што ја објавив оваа книга, се работи за човек кој мораше да надмине многу пречки во животот и се препознавам себеси во многу негови приказни“.

Ибрахимовиќ подари 150 книги на различни болници, а вечерта ја водеше неговиот пријател, уметничкиот директор на фестивалот Сан Ремо – Амадеус, чиј гостин Ибра беше во 2020 година, а се очекува и оваа година.

Слични содржини