219
Адријана Лима беше една од ѕвездите кои се појавија на The Best FIFA Football Awards 2022 во Париз.
Славната манекенка, која неодамна доби дете со момчето Андре Лемерс, изгледаше прекрасно додека им позираше на фотографите во црн долг фустан и ги покажа своите облини по пораѓајот.
Двојката минатата година го доби синот Сијан, а извор близок до парот изјави за People дека името на нивниот син е инспирирано од прекрасните бои на морето.
„Сијан е бојата помеѓу зелената и сината боја на спектарот на бои“, објасни изворот.
На Адријана тоа ѝ е трето дете. Со српскиот кошаркар Марко Јариќ има две ќерки, Валентина и Сијена.