Адријана Лима: Поради короната, една година ја немам видено љубовта на мојот живот (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
409 прегледи

Светски познатата манекенка и поранешна сопруга на кошаркарот Марко Јариќ, Адријана Лима ги разнежни своите следбеници објавувајќи фотографија од нејзината баба на Инстаграм.

Имено, таа сподели фотографија од нејзината баба за која е многу приврзана. Меѓутоа, таа не ја видела некое време поради пандемијата на коронавирус. Баба Јулија изгледа одлично за своите години и сега на сите им е јасно од кого Адријана наследила добри гени.

„Поради короната, една година не можам да се вратам во Бразил за да ја видам љубовта на мојот живот, баба ми Јулија. Таа во април ќе наполни 103 години. Ми недостасува, истакна Лима, а нејзината објава предизвика масовни реакции.

Слични содржини