Адвокатите на синот на американскиот претседател Џозеф Бајден, Хантер, објавија дека се откажале од договорот за признавање вина за даночно затајување и обвиненијата за оружје.
Окружниот судија Мерилин Норејка претходно го отфрли предложениот договор за вина, наведувајќи ја загриженоста за степенот на имунитетот што Хантер Бајден ќе го добие во случајот, пренесува Ројтерс.
Според тој предложен договор, Хантер Бајден требаше да се изјасни за виновен за тоа што не платил даноци од 1,5 милиони долари во периодот од 2017 до 2018 година.
Така би склучил посебен одложен обвинителен договор за недозволено поседување огнено оружје, со употреба на дрога, што е кривично дело.
Федералните обвинители во Делавер соопштија дека против Хантер Бајден би можела да биде покрената кривична постапка по прекинот на преговорите за признавање вина.