Адвокатка на Навални: Тој е многу слаб, тешко му е да седи и да зборува

од Stefanija Kuzmanovska
337 прегледи

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е многу слаб и лошо е третиран во болницата за затвореници кои страдаат од туберкулоза во која се наоѓа, предупредија денеска неговите адвокати, барајќи да биде префрлен во Москва.

Жестокиот критичар на Кремљ, кој престана да јаде пред три недели, е во болница од неделата вечер во градот Владимир, северо-источно од Москва. Неговите соработници тврдат дека тој може да умре во секој момент.

– Тој е многу слаб, тешко му е да седи и да зборува – им рече на новинарите неговата адвокатка Олга Михаилова, тврдејќи дека „тој не добива соодветна медицинска нега“.

Таа побара веднаш да биде пренесен во цивилна болница во Москва за да не умре.

Неколку часа порано, неколку лекари, предводени од Анастасија Васиљева, личен лекар на 44-годишниот Навални, беа протерани од болницата и не им беше дозволено да го видат, како и обично.

Слични содржини