Брајан Фридман, адвокатот на актерот Џастин Балдони, објави дека планираат да ја тужат Блејк Лајвли откако веќе поднеле тужба за клевета против „Њујорк Тајмс“.
Во интервју за Ен-Би-Си, Фридман рече дека правната постапка против „Њујорк Тајмс“ нема да биде последна. На прашањето дали планираат да ја тужат Лајвли, тој рече: „Апсолутно“.
Фридман, исто така, одговори на федералната жалба поднесена на 1 јануари од Лајвли, во која се тврди дека била координирана кампања на Балдони и неговиот тим за да се оцрни нејзината репутација додека го промовирала филмот „It Ends with Us“.
Фридман беше прашан дали има некаков вид организирана кампања за да се оцрни јавниот имиџ на Блејк Лајвли. „Сто проценти не. Џастин Балдони уште од самиот почеток рече: „Не сакам да и направам ништо негативно. Не сакам да ја повредам“, вели адвокатот.
Ќе објавува пораки
Тие се подготвени, вели тој, да воведат мноштво СМС-пораки во тужбата против Лајвли, што, како што рече, ќе го обезбеди контекстот потребен за докажување на невиноста на неговиот клиент.
„Повеќе од подготвен сум да ја објавам секоја порака што постои за светот да ја види, да ја види вистината и самите да утврдат што се случило“, рече Фридман.
За потсетување, Балдони пред некој ден го тужеше „Њујорк Тајмс“ за клевета, тврдејќи дека објавиле статија „полна со неточности, погрешни претстави и пропусти“ што се потпира на наративот на Лајвлин.
Во тужбата се наведува дека „Њујорк Тајм“с го нарушил својот новинарски интегритет во истрагата за нејзините наводи за сексуално вознемирување. Забележано е дека медиумите „речиси целосно се потпирале на непроверениот и себичен наратив на Лајвли“ и дека доказите што би ги разоткриле нејзините вистински мотиви биле игнорирани.
Се огласија од „Њујорк Тајмс“
Од „Њујорк Тајмс“ изјавија за Си-Ен-Ен дека публикацијата планира „енергично да се брани од тужбата“. „Улогата на независната новинска организација е да ги следи фактите каде што тие водат“, рече Даниеле Роадс Ха, портпаролка на Тајмс.
„Нашата приказна беше прецизно и одговорно објавена. Таа се заснова на илјадници страници оригинални документи, вклучително и текстуални пораки и е-пошта што ги цитираме прецизно и опширно во статијата. До денес, Wayfarer Studios, г-дин Балдони, другите спомнати написот, и останатите претставници, не посочија ниту една грешка. Ја објавивме и нивната целосна изјава како одговор на наводите во написот“, додаде Даниеле.