Адвокатот на Диди се откажа од случајот: Не сака повеќе да го брани

од Nikola Popovski
65 прегледи

Раперот Шон Диди Комбс наиде на проблеми откако еден од неговите адвокати реши да се повлече од неговиот тим и од случајот.

Ентони Рико, кој досега го застапуваше Диди, поднесе барање за повлекување во Њујорк и изјави дека „не може да продолжи да го брани Шон Комбс под никакви околности“.

Рико објасни дека разговарал со главниот генерален правобранител Марк Агнифило пред да ја поднесе оставката и дека државните правобранители биле известени, но дека нема да даде никакви детали.

Поради вавкиот факт, судењето закажано за мај нема да се одржи.

Диди беше уапсен во септември минатата година. Тој сега е во затвор и е обвинет за рекет, трговија со луѓе и проституција. Тој, исто така, беше обвинет за силување на своите жртви и сексуален напад врз нив на неговите познати забави.

Слични содржини