Адвокатот на Џони Деп за случајот Балдони-Лајвли: „Агресивен пристап, но доказите се убедливи“

од Vladimir Zorba
30 прегледи

Адвокатот на Џони Деп, Бенџамин Чу, проговори за правната драма што се случува меѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли. Според него, Балдони има премногу груб пристап кон целиот случај, кој започна уште во декември.

„Мислам дека е многу агресивно. Обично такво нешто не се прави пред судско рочиште, но сигурен сум дека внимателно проверувале сè“, коментираше тој за време на појавувањето на поткастот „Law&Crime Sidebar with Jesse Webber“.

„Објавувањето изјави не ми изгледа невообичаено. Тоа се изјави дадени за јавност. Но, сепак тоа е нов пристап кон оваа ситуација“, додаде тој.

На прашањето на кого му дал поголема шанса на претстојното судење, Чу не сакаше да заземе страна, но истакна дека постоечките докази ќе бидат „многу убедливи бидејќи секој може да ги види“.

Потсетуваме, Бенџамин Чу го застапуваше Џони Деп во случајот против Амбер Херд. И двајцата се обвинија еден со друг за клевета и бараа милионска отштета, па не е изненадување што драмата меѓу Балдони и Лајвли многумина потсети на судската битка на поранешните сопружници.

Судот на крајот пресуди во корист на Деп.

Претходно, ПР експертот Џед Валас поднесе сопствена тужба за клевета против Блејк Лајвли. Во неа тој наведува дека актерката свесно дала „злонамерни и лажни тврдења“ и бара отштета од 7 милиони долари. Оваа тужба е одговор на дел од тужбата што Блејк Лајвли ја поднесе во декември 2024 година против Балдони. Во неа го спомнала и Валас за кој вели дека ја „извалкал во медиумите“.

Слични содржини