Адвокатот на Миле Јанакиески, Еленко Миланов не е задоволен од пресудата за случајот „Насилство во Центар” затоа што во завршните зборови бараа ослободителна пресуда, поради што најави дека ќе поднесат жалба.
-Имајќи предвид дека Миле Јанакиески е прогласен за крив, а одбраната во своите завршни зборови бараш истиот да биде ослободен од обвинението, секако дека не сме задоволни и ќе ги преземеме сите законски средства кога ќе ја добиеме пресудата во писмена форма. Верувам, сто посто со сигурност дека ќе ја обжалам пресудата, иако сето ова го зборувам без да ја направам презентацијата со мојот клиент. Но сметам дека и неговата заложба е да докаже дека овде не е виновен и не ги презел дејствијата кои што му се ставаат на товар. Тоа би значело дек најверојатно ќе пишуваме жалба, рече адвокатот Миланов по изрекувањето на пресудата за „Насилство во Центар”.