Адвокатот на Крешник Бектеши: Актуелното Министерство за економија ги има истите пропусти во тие објекти

од Milan1
1,7K прегледи

Адвокатот на екс министерот за економија Крешник Бектеши, Еленко Миланов денеска во интервју за „ТВ21“ вели дека да сакал Бектеши да избега, веднаш тоа ќе го направел, но тој самиот се јавил во станица.

„Постои неспорен факт дека Бектеши врз основа на телефонски повик самиот се јави во полициска станица што значи дека доколку тој сакаше да бега, тоа можеше да го направи затоа што неговото име, во тој момент, веќе се вртеше како поранешен министер за економија и можеше да има сомнеж. Не ни помисли, отиде во станица“, вели Миланов.

Адвокатот Еленко Миланов вели дека тоа колку угостителските објекти биле контролирани и проверувани, се гледа од последните контроли, кои се прават сега, при што се утврдуваат истите пропусти во дискотеките и кабареата.

„Актуелното Министерство за економија ги има истите пропусти во тие објекти, и каде би била тука поврзаноста да Крешник Бектеши, па и многу од овие лица да можат да се товарат како директни извршители во однос на самото настанување на овој пожар?“, вели Миланов.

Слични содржини