17
Матео Салвини, вицепремиерот на Италија најави дека аеродромот „Малпенса“ во Милано, ќе го носи името на поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони.
Барањето било одобрено од Управниот одборо на италијанската Национална управа за цивилно воздухоплоство ENAC.
– Конечната одлука е на министерот за инфраструктура и сообраќај и јас сум подготвен да го ставам последниот потпис, со гордост и емоции, во спомен на мојот пријател Силвио, голем претприемач, голем Миланец и голем Италијанец, напиша Салвини на мрежата X.