Аерофлот ги откажа сите летови до европските дестинации

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Руската авиокомпанија Аерофлот денеска соопшти дека ќе ги откаже сите летови до европските дестинации до понатамошно известување.

Аерофлот се огласи откако многу земји решија да го затворат воздушниот простор во знак на протест поради рускиот напад врз Украина, пренесе Танјуг.

Европската унија претходно одлучи целосно да го затвори воздушниот простор за руските авиони.