45
Аеросмит повеќе нема да биде на турнеја, бидејќи гласот на фронтменот Стивен Тајлер е трајно оштетен откако во септември минатата година ги повреди гласните жици.
„Тој помина неколку месеци работејќи неуморно за да си го врати гласот. И покрај тоа што работеше со најдобрите медицински тимови, видовме како се мачеше. Јасно е дека целосно закрепнување на неговиот глас не е можно“, се вели во соопштението на групата, пренесува Ројтерс.
Тајлер минатиот септември објави дека ги повредил гласните жици за време на турнејата „Peace Out: The Farewell Tour“.