Aerosmith ја одложи прошталната турнеја поради оштетување на гласните жици на Стивен Тајлер

од Vladimir Zorba

Членовите на легендарната група Aerosmith беа принудени да одложат дел од својата проштална турнеја откако фронтменот Стивен Тајлер претрпе оштетување на гласните жици.

Рок бендот ја започна обемната турнеја во Северна Америка, насловена како „Peace Out“, во Филаделфија на 2 септември, а оттогаш свиреа во Питсбург и Елмонт.

Турнејата требаше да продолжи во Торонто на 12 септември, но Аеросмит ги одложи следните шест концерти.

„Срцето ми е скршено што морам да кажам дека ми беа дадени строги лекарски наредби да не пеам во следните триесет дена“, рече Тајлер во изјавата на социјалните мрежи, додавајќи:

„Имав оштетување на гласните жици за време на саботното шоу, што доведе до последователно крварење. Ќе мораме да одложиме неколку концерти за да можеме да се вратиме и да ви ги дадеме настапите што ги заслужувате“, изјави Тајлер.

Сите претходно купени билети ќе важат за новите датуми. За оние кои не можат да присуствуваат ќе бидат достапни рефундации. Обожавателите со прашања за рефундирање се замолени да го контактираат местото на купување, известува NME.

Слични содржини