Германската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) е обвинета за користење на своите парламентарни прашања за собирање информации што би можеле да бидат од интерес за руските разузнавачки служби, пишува Политико со седиште во Брисел.
Пратеникот на AfD во парламентот во Тирингија, Ринго Милман, постојано поднесувал прашања до регионалната влада во врска со транспортот на западно оружје во Украина и локалните системи за одбрана од беспилотни летала, што предизвика обвинувања од центристичките политичари дека партијата се обидува да открие чувствителни информации на Москва.
Министерот за внатрешни работи на Тирингија, Георг Мајер (SPD), рече дека AfD покажува „неверојатен интерес за критична инфраструктура и безбедносни власти“, додека AfD негираше дека дејствувала по наредба на Кремљ. AfD е позната по своите проруски ставови, вклучително и обновување на економските врски и намалување на воената помош за Украина, објави „Политико“. Партијата тврди дека нејзините прашања се легитимни и дека владата не е должна да открива чувствителни информации.
Аналитичарите предупредуваат дека иако поединечните прашања не се проблем, збирот на прашања на AfD дава увид во транспортните правци и воената логистика. Од 2020 година, AfD поднесе повеќе од 7.000 барања поврзани со безбедноста, вклучувајќи речиси 70 проценти од барањата во Тирингија и повеќе од 60 проценти во Бундестагот. Експертите веруваат дека ваквите практики можат да претставуваат закана за националната безбедност, без разлика дали партијата дејствува во свои интереси или во интерес на Кремљ.