И кога сите го видоа Бен во моментот со поранешната сопруга, првата мисла беше како се чувствува Џенифер Лопез, таа на сите, вклучително и на Џенифер Гарнер, им вели – „Тој е мој!“
Холивудскиот актер и режисер Бен Афлек неодамна прослави една година брак со латино дивата Џенифер Лопез, организирајќи дури три романтични свадби минатото лето.
Од помирувањето, кое нивните обожаватели го чекаа цели 17 години, парот делува се позаљубено и хармонично, речиси неразделно.
Честопати папараците од Лос Анџелес ги среќаваат заедно за време на прошетки, ручеци, посети во теретана, романтични вечери, но неодамна се шушка дека Џеј Ло може да биде љубоморна на врската на Афлек со поранешната сопруга.
Имено, Бен бил снимен во автомобил со својата ќерка и поранешната партнерка Џенифер Гарнер, додека неговата поранешна сопруга го гушкала, а тој се потпрел на неа и се смешкал со затворени очи.
Exes Ben Affleck and Jennifer Garner share intimate moment inside car together https://t.co/zgupVJAyJs pic.twitter.com/E91AUt4FWH
— Page Six (@PageSix) September 16, 2023
Додека на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, добиваат коментари од типот „Џенифер Лопез ќе полуди“ и „Како да ја направите Џенифер Лопез љубоморна“, актерот и латино ѕвездата покажуваат непоколебливост за реакциите на јавноста.
Пејачката и актерка е фотографирана наредниот ден во друштво на сопругот, па дури биле и гушнати за време на прошетка. Џеј Ло во еден момент ја ставила раката на задникот на Афлек, а многумина веруваат дека тоа не било случајно.
„Вака се означува територија“, „Таа јасно кажа „мој е“ без ниту еден збор“, „Ова е порака за Џенифер Гарнер?“… пишуваат обожавателите на актерот.
Во секој случај, Лопез никогаш не покажала дека и пречи блискоста на Бен Афлек со неговата поранешна сопруга.
Неколку пати биле заедно на семејни настани, бидејќи актерот и Џенифер Гарнер имаат три заеднички деца, а Џеј Ло минатата година за Vogue зборуваше за нивната одлична врска, нагласувајќи дека „одлично функционираат заедно“.