Афлек за Џеј Ло: „Можам само да стојам до неа и да и се восхитувам!“

од Vladimir Zorba
405 прегледи

Бен Афлек и Џенифер Лопез неодамна го имаа својот прв јавен настап на црвениот тепих, по помирувањето што се случи на почетокот на оваа година.

Иако многумина се сомневаат во нивната љубов и тврдат дека се е дел од маркетинг и договор, тие двајца изгледаат повеќе заљубени од кога било.

Како што неодамна откри Афлек, тој не може да престане да се восхитува, но и да ја фали својата старо / нова девојка Џеј Ло. Така, тој призна дека бил воодушевен од нејзините неверојатни достигнувања и признанија што ги постигнала во текот на нејзината кариера.

„Се што можам да ви кажам е дека од прва рака видов како жените од различни раси и приоѓаат на Џенифер и ѝ кажуваат дека таа е пример за нив за силна жена, жена која успева и бара фер удел во светот на бизнисот, изјави тој за AdWeek. пренесува „Е!“

Тој призна дека бил изненаден од нејзиното „влијание врз светот“, особено оние кои потекнуваат од различни средини и култури.

„Зачуден сум од влијанието на Џенифер врз светот. Особено како уметник кој снима филмови кои исто така имаат влијание врз луѓето. Џенифер инспирираше голема група луѓе да се чувствуваат како да имаат место во оваа земја. Малкумина го имале тоа влијание низ историјата – некои кои никогаш нема да ги сретнам и таа до која можам само да стојам и да и се восхитувам со почит“, рекол Бен.

Да потсетиме, парот ја обнови својата врска по 17 години, кратко откако пејачката ја раскина веридбата со поранешниот спортист Алекс Родригез. Двојката прво се појави заедно на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција, а потоа се собраа на Мет Гала.

Слични содржини