„AGCS“: Хакирањето е најголемата закана за компаниите

од Vladimir Zorba

Сајбер нападите се најголемата закана за бизнисот на компаниите ширум светот, поголема од природните катастрофи и пандемијата на Ковид 19, покажа истражувањето на корпоративниот осигурител AGCS во вторникот.

Хакерството се рангираше на прво место на скалата за закани, според барометарот за ризик развиен од Allianz Global Corporate & Specialty (AGCS).

Дури и многу добрите ИТ безбедносни мерки не штитат целосно од хакерски напади, откри AGCS.

„Компаниите инвестираат многу пари во развојот на ИТ безбедноста, но ние сè уште откриваме дека напаѓачите можат да ја заобиколат заштитата и одвреме-навреме да предизвикаат огромна штета на компаниите“, рече менаџерот на AGCS, Јенс Крикхан.

На второто, третото и четвртото место на скалата за закани се деловните прекини, природните катастрофи и пандемијата Ковид 19.

AGCS минатата есен анкетираше 2.650 експерти од 89 земји, вклучително и повеќе од 1.200 лидери на големи компании со годишни приходи од над 400 милиони долари. Во истражувањето учествувале и експерти од Allianz.

Резултатите од истражувањето се совпаѓаат со заклучоците од други анализи за сајбер криминалот.

Така, американската компанија Cybersecurity Ventures, која често се цитира во ИТ индустријата, проценува дека сајбер нападите минатата година предизвикале штета од шест илјади милијарди долари.

До 2025 година, штетата би можела да порасне до 10,5 трилиони долари кога ќе се вклучат кражби и уништување податоци, финансиски криминал, изгубена продуктивност, кражба на интелектуална сопственост и други злосторства и трошоците за поправка на штетата.

Слични содржини