Агелер: Веќе три децении заедно му покажуваме на светот што може да се постигне со силина, компромис и трпение

од Milan1
46 прегледи

Вечерва на свеченото одбележување годишнината од американската независност во Амбасадата на САД во Скопје, амбасадорката Анџела Агелер во својот говор рече „три децении, Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ги издржаа глобалните шокови и политичката смена на генерации – и секој пат излегоа посилни“.

-Три децении, Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ги издржаа глобалните шокови и политичката смена на генерации – и секој пат излегоа посилни. Тоа е отсликано во заедничките мисии во Ирак и Авганистан и големите вежби на Криволак, подготовките за заедно да се бориме за зачувуванье на мирот. Веќе три децении заедно му покажуваме на светот што може да се постигне со силина, компромис и трпение. Покажавме како изгледа вистинско пријателство и вистинско партнерство. Тоа е зачувуванье на вашето културно наследство со почит што му прилега на едно глобално богатство. Тоа се тешки, искрени разговори за теми од големо значење за двете наши земи. И тоа е тага која ја делиме со вас кога ќе изгубите млади и прекрасни животи во страшен пожар. Бог да ги благослови Соединетите Американски Држави, и Бог да ja благослови Република Северна Македонија, рече Агелер.

Слични содржини