Агенцијата за филм го доби првото извинување од Транспаренси

од Vladimir Zorba
245 прегледи

Eден од членовите на Филмскиот совет доби официјално извинување од Транспаренси интернешнл по изнесените тврдења на Слаѓана Тасева дека постоел судир на интереси при доделувањето на средства за проекти.

-Транспаренси Интеренешнл се извини како одговор на првото барање за демант и барање за извинување, а се подготвуваат и останатите барања. Агенција за филм работи според сите важечки закони и прописи, велат во своето соопштение.

 

Тие додаваат дека единствена и крајна цел на Агенција за филм е продукција на филмови кои ќе останат наши најдобри културни амбасадори

-Се надевам ова ќе ги мотивира антикорупциските служби и организации (па и новинарите што рипнаа да ја објават анализата на Транспаренси, а и комисијата за култура на одредена политичка партија) малку посериозно да си ја работат работата и да бидат попрофесионални, а да не реагираат на другарски објави и трачеви, вели Сашко Мицевски, членот на Филмскиот совет откако го доби извинувањето.

Тој додава дека по нечија дојава, Транспаренси Интернешнл на 14-ти Март го обвиниле за потенцијален кривичен прекршок (судир на интереси како член на филмскиот совет во Агенција за филм) без притоа да направат добро истражување дали воопшто бил изземен од конкурот за кој аплицирал (и бил одбиен по основ, потенцијално имање судир на интереси) согласно законот за спречување на корупција и судир на интереси.

-Транспаренси рипнаа “како прле пред магаре” на прес коференција со обвинување дека сум бил член (иако изземан од конкретниот конкурс) и сум аплицирал и дека заради нивната ревизија во конкурсот јас сум одлучил да го повлечам проектот, а да не биле тие кутрите јас ќе сум направил прершок што е апсолутно бизарно и чиста шпекулација. Меѓу друго мојата изјава е потпишана добри неколку недели пред вооппшто да се носи одлука и селекција на проектот и пред транспаренси да најват ревизија. А јас последен пат кога проверив со врачарите се утврди дека не сум видовит и не би можел да предвидам иднина дека тие ќе праат ревизија. Или можеби можам?, вели тој.

Транспаренс Интернешнл Македонија минатата недела објави дека констатирале постоење судир на интереси во постапувањата на Агенцијата за филм при распределба на средства по конкурс за краткометражни и долгометражни филмови од 2022 година.

Слични содржини