Агенцијата на ОН за бегалци: Повеќе од 5,5 милиони лица ја напуштија Украина

од Stefanija Kuzmanovska
288 прегледи

Повеќе од 5,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на војната на 24 февруари, соопшти денеска Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР).

УНХЦР дојде до вкупниот број на бегалци користејќи различни извори, главно од податоци на властите од граничните премини, пренесува „Ројтерс“.

Покрај бројката од 5,5 милиони луѓе кои ја напуштиле Украина, се проценува дека 7,7 милиони луѓе биле раселени внатре во земјата.

Слични содржини