236
Во четвртокот, контролната лабораторија на Агенцијата за лекови и медицински помагала на Босна и Херцеговина издаде позитивен наод, односно одобри употреба на вакцините на „АстраЗенека“ кои пристигнаа во БиХ преку механизмот COVAX.
Позитивниот контролен наод е услов за имунизација на населението, а наодите се доставени до надлежните институции на БиХ. Агенцијата за лекови на БиХ изјави дека документацијата што недостасува за вакцината на „АстраЗенека“ е доставена вчера, по што наодот е комплетиран.
Претходно, во понеделникот, беше издаден наодот за дози на вакцините Pfizer/BioNTech набавени преку COVAX механизмот, со што се одобрува употребата и на овие вакцини.