Агилера е вознемирена поради Бритни: Таквата тортура остава последици врз психата

од Nikola Popovski
432 прегледи

Кристина Агилера ја поддржа својата долгогодишна пријателка Бритни Спирс, откако пред судот откри со какви проблеми и ограничувања се борела во последните неколку години.

Кристина Агилера се огласи на Твитер, каде напиша дека во последно време често размислувала за Бритни и дека многу ѝ е жал за тоа низ што поминува во животот.

„Неприфатливо е која било жена, маж или човечко суштество не може да го контролира својот живот, односно дека не може да живее како што сака. Да те игнорираат или злоупотребуваат најблиските е најлошото и најтажното нешто што можам да го замислам. Таквата тортура остава последици врз нечија психа, кои не се мали и не треба да се занемарат“, напиша Агилера.

Пејачката изјавува дека не е запознаена со она што се случува зад затворени врати на семејството. Таа е информирана за случајот преку медиумите и од тоа што го слуша во јавноста. Сепак, посочува дека Бритни не заслужува вакво нешто.

„На жена која работеше под притисок и ја посакувам целата слобода на светот, за да живее среќно, што многумина дури и не можат да си го замислат. Верувајте ми, таа го заслужува тоа“, заклучи пејачката Агилера.

Да потсетиме, Бритни беше под конзервациски надзор во последните 13 години, што ја спречува да донесува големи одлуки во нејзиниот живот.

„Толку сум лута што не можам да спијам и сум во депресија. Сакам да ме слушнат … Сакам промени и сакам промените да напредуваат. Заслужувам промени“, рекла пејачката пред судот. Спирс јасно стави до знаење дека сака да ѝ заврши старателството на ндеа.

„Само сакам да се врати мојот живот. Поминаа 13 години и тоа е доволно. Доста е и воопшто нема смисла… Готова сум. Сакам да го тужам моето семејство, да бидам потполно искрена“, истакнала меѓу другото Бритни во своето сведочење.

Слични содржини