„Ах, тие кликови“: Уништено Порше за што повеќе прегледи (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
421 прегледи

Руски блогер го забил новиот Порше „Taycan Turbo S“, вреден 175.000 евра во излогот на авто-салонот на Порше откако тој наводно се збунил и ги погрешил педалите за гас и кочница.

Иако тој тврди дека сè било случајно, според видеото објавено на неговиот канал на Јутјуб, јасно е дека целата приказна е режирана.

Станува збор за истиот блогер кој неодамна целосно го запалил својот Mercedes-AMG GT 63 S. Како и во тој случај, причината за кршење на автомобилот било да добие што повеќе прегледи на Јутјуб.

Како што стојат работите сега, рускиот блогер, Михаил Литвин, успеа во тоа, бидејќи за неколку часа од објавувањето на видеото, тој забележа повеќе од два милиони прегледи на ЈуТјуб.

Видеото започнува со три лика, Сталин, Ленин и Путин, кои му велат на рускиот блогер да го живее животот максимално и да не обрнува внимание на ништо. Влегува во салонот, гледа наоколу и седнува зад воланот на Порше. Неколку секунди подоцна, тој излетува низ прозорецот на салонот.

 

Слични содржини