Ахмети- Даниелсон: ДУИ ќе даде поддршка на ДИК за примерно спроведување на изборите

од desk3
88 прегледи

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети денеска во седиштето на Европската Унија во Скопје се сретна со Кристијан Даниелсон, директорот на Директоратот за проширување на ЕУ и со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

1459860109-1391810330-]Denielson
Ахмети и Даниелсон разговарале за актуелната ситуација во земјата, безбедносната ситуација, спроведувањето на договорот во Скопје, за интеграцијата во Европската Унија, реформите и меѓуетничките односи.

Како што соопшти ДУИ, Даниелсон ги посочил високите оценки на Брисел за конструктивната улога на Ахмети и на ДУИ во постигнувањето на договорот во Скопје.

– Ахмети истакна дека Државната изборна комисија треба да ја заврши својата работа навреме, а ДУИ ќе даде поддршка на ДИК за примерно спроведување на изборите. Исто така, ги покани и други политички партии да не го попречуваат процесот на било кој начин, стои во соопштението.

Тачи: Потребно е да се исполнат сите услови за фер избори

ДУИ, се вели во соопштението, ќе се ангажира за следење на реформите и изборите и ќе ги изгради државните политики во партнерство со меѓународната заедница за заедничко добро.

На средбата Ахмети ја нагласил важноста од продолжувањето на интегративниот процес веднаш по изборите на 5-ти јуни.

Тој, се посочува во соопштението, зборуваше за целите на одредени центри, во соработка со криминални групи, кои се обидуваат да поттикнат ирационални постапки на ДУИ со цел да го оштетат процесот на спроведување на Договорот од Скопје.

– Но, го увери Даниелсон дека ДУИ и Албанците нема да дозволат да паднат жртва на било какви монтирани материали, стои во денешното соопштение од ДУИ.