Ахмети: ДУИ е единствен чувар на албанското прашање

од Vladimir Zorba
120 прегледи

 

Демократската унија за интеграција синоќа имаше собир во Преспа каде што пред членовите и партиските симпатизери ја претстави својата предизборна програма.ali-ahmeti

Лидерот на партијата и носител на листа во 6. Изборна единица Али Ахмети рече дека ДУИ ќе продолжи да биде единствениот чувар на албанското прашање во Македонија.

Барајќи го гласот за неговата партија Ахмети посочи дека со гласањето за други партии само се ослабува позицијата на Албанците и им с еовозможува на македонските партии да постигнат голема победа.

Малите албански партии, како што посочи, лидерот на ДУИ, освен навреди и сеење омраза меѓу луѓето, друго не можат да постигнат. Македонските партии, според него, не треба да бараат албанските гласови, бидејќи, како што нагласи, легитимни претставници на Албанците може да бидат само албанските партии.

Пред присутните говореше и носителот на листата во 5. Изборна единица Агим Шакири.