Ахмети испрати честитка до новоизбраниот Американски претседател Џо Бајден

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по денешната инаугурација на 46. американски претседател, Џо Бајден во Вашингтон, упати честитка.

„Првично му посакувам на претседателот Бајден добро здравје и многу успех на функцијата. Уверен сум дека САД под водство на г. Бајден ќе останат стратешки партнери на Република Северна Македонија, Албанците и целиот Балкан за време на нашиот веќе неповратен процес кон целосната интеграција во Европската Унија, но и во продлабочувањето на традиционалното пријателство со Америка“, се вели во честитката на Ахмети упатена до новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден.

Како што посочува тоа, нашата соработка, додава, е искрена и ги споделуваме истите вредности.

„Сите успеси ги постигнавме заедно, секој успех е заеднички. Бог да го благослови албанско-американското пријателство“, потенцира Ахмети, кој честитката ја завршува со благослов на американскиот народ.

Слични содржини