Ахмети изрази сочувство до семејствата на загинатите: Толку многу болка ни донесе ова утро

од Берта Китинска
154 прегледи

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, изрази длабоко сочувство до семејствата на настраданите во трагичната автобуска несреќа во Бугарија.

„Толку многу болка ни донесе ова утро. Страшната сообраќајна несреќа во Бугарија ги однесе животите на толку многу наши граѓани. Во овие тешки моменти на тага и болка, изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на оние кои ги загубија животите во трагичната несреќа во Бугарија и го молам Бога да им даде трпение на семејствата и да ги исцели повредените“, напиша Ахмети на својот профил на Фејсбук.

Слични содржини