Ахмети: Кај Коѕијас видов добра волја за компромисно решение

од desk3
108 прегледи

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети, во придружба на колеги партија Муса Џафери, Фатмир Бесими и Артан Груби се сретна со министерот за надворешни работи на Грција, г. Никос Коцијас.

1452261492-Ahmeti1

Двајцата разговараа за регионалните случувања, добрососедските односи, евроатланската интеграција на Македонија и дискутираа за конкретните можности за надминување на долготрајниот спор со оглед на времето кое претстои како клучно за затворање на прашањето за името.

Шекеринска: Веќе никој не знае кој сè преговара во име на Република Македонија!

“Средбата траеше час и половина и разменивме мислења и идеи. Видов готовност и добра волја кај министерот за надворешни работи на Грција во правец на изнаоѓање на решение, компромисно решение.И оваа добра волја јас ќе ја пренесам во Скопје со надеж дека двете страни ќе имаа ита добра волја за решение” -изјави Ахмети по средбата