Ахмети му пиша на Хан: Да го вратите фокусот на прашањето за името и евроатланската перспектива на Македонија

од desk3
124 прегледи

Лидерот на ДУИ Али Ахмети му упатил писмо на еврокомесарот за пропишување Јоханес Хан. Во него се вели:

P027514000602-610492

“Дозволете ми ве молам како учесник во преговорите за решавање на политичката криза во Македонија како и во името на сите нас при Демократската унија за интеграција, да ја изразам мојата благодарност за вашата директна посветеност, но и на амбасадорите Аиво Орав и Џес Бејли како и нивнитe тимови, заедно со олеснувачот Питер Ванхојт, во решавањето на политичката криза во мојата земја и затворање на повеќе спорни прашања кои овозможуваат одржување на изборите на 24 април 2016 година. Соработката со меѓународната заедница и заедничкото градување на политики секогаш носеле придобивки за мојата земја и нашите граѓани, уште од постигнувањето на Охридскиoт договор, стекнувањето на статус на земја-кандидат за членство во ЕУ, визната либерализација, препоракaтa за отворање на преговорите со ЕУ, како и доближувањето до НАТО.

Ве повикувам да ja повторите препораката на Комисијата за отворање на преговори за членство на Македонија во ЕУ и заеднички со пријателите од Вашингтон како и земјите членки на ЕУ, да го вратите фокусот во решавањето на прашањето за името и отворање на евроатланската перспектива на Македонија. Ние ветуваме ангажираност во спроведувањето на баранитe реформи за градење по стабилни и оддржливи институции како и демократско и одговорно општество, но истовремено очекуваме ваша посветеност во надминувањето на последната препрека која стои помеѓу Македонија и евроатланската интеграција. Македонија и регионот имаат потреба за стабилност и безбедност, затоа, да не ги штедиме нашите заеднички напори за интеграција на нашата земјата во ЕУ и НАТО бидејќи тоа е нашата стратешка определба нема друга алтернатива. За ова, и за демократските вредности, Брисел и Вашингтон имаат партнер во мене и во ДУИ“