Ахмети на средба со Спиропали изрази загриженост за меѓуетничките односи во земјава

од Илинка Илиоска
179 прегледи

Лидерот на опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска оствари средба со претседателката на Собранието на Албанија, Елиса Спиропали, која е во посета на земјава. На средбата, како што информираат од ДУИ, Ахмети, меѓу другото, изразил загриженост за меѓуетничките односи во земјава.

„На госпоѓа Спиропали ѝ ја изразив мојата загриженост во врска со меѓуетничките односи во Северна Македонија, како и за нарушувањето на легитимитетот што произлегува од волјата на народот демократски изразена преку слободно гласање“, порачал Ахмети.

Ахмети и Спиропали разговарале и за прашања поврзани со членството на двете земји во Европската Унија. Нагласиле дека како две сојузнички земји, Северна Македонија и Албанија мора заедно да го продолжат својот пат кон интеграцијата во Унијата.

Слични содржини